Забранета водата за пиење во с. Јабланица

- Локални
924

Од Агенцијата за храна и ветеринарство известуваат дека се забранува водата за пиење во с.Јабланица Струга.

Од водоснабдителниот објект сопственост на МЗ с.Јабланица Струга преку ЈЗУ Центар за јавно здравје-Охрид, земена е вода за лабараториска анализа во поглед на физичко-хемиската исправност,при што со лабараториски преглед на водата бр.132/2018 од 23.01.2018г. констатирана отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација на водата,присуство на бактериите Е.coli i Pseudomonas aeruginoza.

Во известувањето од Aгенцијата за храна и ветеринарство се наведува дека МЗ с.Јабланица Струга треба да обезбеди безбедна вода за пиење и да ја извести јавноста за безбедноста на водата за пиење.

Извор: Спектра

Facebook Коментари