Лев банер Десен банер

Британски „Телеграф“ го смести Охрид во најубави градови во Европа

Британскиот весник „Телеграф“ објави статија на јапонското здружение на Агенцијата за патувања ЈАТА за најубавите градови во Европа. На објавениот список меѓу 30 најубави градови, се наоѓа и Охрид.

– Овој македонски град е сместен на крајбрежјето на езерото кое го носи истото име и е еден од единствените меѓу 28-те градови кои УНЕСКО ги има квалификувано и на културната листа и на листата на природни богатства, се вели во описот за Охрид, за кој се вели дека е познат и по едно од најстарите живеалишта во Европа.

На списокот на „Телеграф“ се наоѓа и албанскиот град Берат, а има и два италијански града, заедно со прекрасни дестинации во Франција, Германија, Швајцарија и други земји.

Извор: ОхридПрес

фотo: архива

error: