Двајца Македонци се најдоа на листата на „Forbes“ за најдобри претприемачи

- Македонија
1257

Нина Ангеловска (29) основач на „Групер.мк“ и Жарко Димитриоски (28), основач на маркетинг агенцијата „Еден на еден“  се најдоа на  европската листа.на „Forbes“ за најдобри претприемачи под 30 години. Aнѓеловска е избрана во категоријата „Retail and Ecommerce“, а Жарко Димитриоски во категоријата „Media and Marketing“.

„После седум години напорна работа, стотици поминати предизвици, тони вложена енергија на сите страни и после бројни признанија кои секогаш се непроценлива мотивација на седмиот роденден на ‘Групер’ го достигнав најголемото до сега – ‘Forbes – 30 under 30’. Дали денов е коинциденција, универзумот или седмицата е среќна бројка не знам ама знам дека се чувствувам прекрасно и многу благодарно. За првпат Македонија ја има во листата и тоа дури со двајца претставници. Јас и Жарко ‘Еден на еден’. Шансите за влез се 3-6% од ијадници номинации односно шансите за влез во ‘Forbes – 30 under 30’ се помали од ‘Стенфорд’ и ‘Харвард’. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание“, напиша Нина на својот  Facebook профил.

Нина и Жарко ја имаа честа да присуствуваат на свеченоста во Лондон каде што официјално беа објавени 300 највлијателни луѓе во Европа под 30 години во 10 категории.

Strugaonline

фото: Нина Ангеловска fb

 

 

 

Facebook Коментари