Временска прогноза: Сончево со максимални 10 степени

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време, утрото ќе биде студено со услови за појава на слаба магла по котлините. Дневната температура ќе се движи во интервал од 2 до 10 степени. Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневните температури, во петок и сабота се очекуваат максимални 11, а во недела 13 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline

