Танцувајте со најдобрите-вонредни уписи во Балетско студио „Баx“

- Забава, Локални
1289

Откако минатата година Баховки блеснаа со “Dancing Beauty&the Beast”, годинава најавуваат нови изненадувања и предизвици кои балерините ќе ги остварат со посветеност, љубов и напорна работа. Уписите за сите заинтересирани кои сакаат да станат дел од ова балетско семејство и да учествуваат во балетска претстава  се во тек и траат до 29-ти јануари. Заинтересираните можат да се пријават на телефон 078 447 530 или во просториите на Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Од Балетското студио „Баx“ информираат дека после 29-ти јануари започнуваат со задачи и обврски и дека до септември повеќе нема да се примаат нови членови.

Сите љубители на танцот можат да ја почувствуваат магијата на сцената со студиото за танц „Бах“.

Strugaonline

Facebook Коментари