Македонија загуби од Данска со резултат 20-31

- Спорт
843

Македонската репрезентација загуби од селекцијата на Данска со резултат 20-31 .Првиот дел од натпреварот нашите ракометари одлично им парираа на Данците, се играше гол за гол и на одмор отидовме со резултат 12:12. Во вториот дел од натпреварот Данците започнаа целосно да доминираат, а како се ближеше крајот на натпреварот разликата беше се поголема.

Во одлично светло на овој натпревар се покажа голманот Никола Митрески кој имаше 10 одбрани,а  најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски.

Ова беше последен натпревар за Македонија на Европското првенство во Хрватска кое го завршивме  на 11. -то место.

Strugaonline

 

Facebook Коментари