Вo сабота во Загреб ќе се влече ждрепката за бараж-двојките за пласман на СП 2019, кое од 9 до 27 јануари идната година ќе се игра во Данска и во Германија.
Македонија е во привилигираната група при влечењето на ждрепката, а можни противници на нашата репрезентација се селекциите на Црна Гора, Русија, Унгарија, Австрија, Португалија, Холандија, Литванија, Романија и БиХ (или Швајцарија, ако се уважи нејзината жалба на средбата со БиХ).
Засега пласман на СП обезбедија: Данска (домаќин), Германија (домаќин), Франција (бранител на титулата) и Бахреин, Катар, Јужна Кореја и Саудиска Арабија, сите како полуфиналисти на првенството на Азија. Место на СП ќе обезбеди и идниот шампион на Европа, а доколку тоа биде селекција која веќе обезбедила пласман – ќе оди следнопласираната. Од Европа на СП ќе одат и осум други репрезентации, кои ќе обезбедат настап преку баражот, а учесник на баражот е и Македонија.
Извор: rkmetalurg.mk
Facebook Коментари