(ВИДЕО): Легендарното трио En Vogue со нов албум после 14 години
Дамите кои ги препознаваме по хитовите „Free Your Mind“ и „Don’t Let Go“ снимија нов албум после 14 години. Албумот ќе се вика „Electric Cafe„, а најавниот сингл за кој е снимен и спот носи наслов „Rocket.“

На новата песна на En Vogue работеше продуцентот Curtis Sauce Wilson, а текстот го напиша хит мејкерот Ne-Yo. Оваа тема има добар одзив на американските радио станици . Кам-бекот на ова легендарно трио најверојатно ќе им донесе и нови обожаватели.

