Meтео: Денеска сончево со умерена облачност, од утре врнежи од дожд

- Македонија
696

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а во западните делови ќе биде значително облачно.  По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.  Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени. Утре ќе имаме променливо облачно време. Во вечерните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд. Врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјава, се очекуваат и за време на викендот.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари