Втората серија работилници за електрониката, програмирањето и роботиката во Струга

- Локални
1108

Американско катче Струга продолжува со серијата на работилници за усвојување на вештини од областа на електрониката, програмирањето и роботиката.

Втората серија работилници ќе се одржи во текот на месец февруари, и ќе биде посветена на 3Д форми. Работилниците ќе се одржуваат секоја сабота со почеток од 11:30ч, во времетраење од два часа.

Минимална возраст за учество е 13 години. Притоа, помладите учесници ќе работат на почетни проекти, додека повозрасните ќе имаат можност да се обидат со попредизвикувачки идеи.

Заради ограничен број на места, за секоја работилница е неопходно пријавување за учество, со пополнување на овој ФОРМУЛАР

Учеството е бесплатно и сите материјали за работа ги обезбедува организаторот.

Програма:

03.02: Изработка на 3Д објекти од картон и пластелин
10.02: Работилница 2: Изработка на 3Д објекти со користење на 3Д пенкало
17.02: Работилница 3: Изработка на дигитални 3Д скулптури
24.02 Работилница 4: Печатење на 3Д објекти со 3Д принтер.

Извор: Американско катче Струга

Strugaonline

 

Facebook Коментари