Швајцарски „Блик“ објави дека Новак Ѓоковиќ ја оперирал повредената десна рака на клиника во Швајцарија. За оваа информација засега нема потврда од стручниот штаб на Ѓоковиќ.
Според објавата на еден од најчитаните весници во Швајцарија, тој бил снимен како ја напушта клиниката „Рацетрак“ во Мутенц со бандажирана рака.
Mинатиот месец Ѓоковиќ се врати на тениските терени но доживеа пораз во четвртото коло од Отвореното првенство на Австралија. После поразот тој во изјава за медиумите потврди дека се уште има болки во претходно повредениот лакот и дека е фрустрирачки што состојбата не е добра и после шест-месечна пауза.
Facebook Коментари