Лев банер Десен банер

Денеска започнува манифестацијата „Прличеви беседи 2018“

Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид започнуваат активностите во рамки на традиционалната манифестација „Прличеви беседи.“

Според најавената програма,  од 12:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од македонски ликовни уметници.

Во 13:00 часот предвидена е свеченост посветена на лауреатот, добитникот на наградата за најдобра поема за 2017 година, доц.д-р Гордана Стојаноска.

Свои настапи ќе имаат ученици од од ОМУ „Методи Патче“ – Стефан Петрески – гитара, Христијана Матеска – хармоника.

Ќе се обратат директорот на Центарот за култура, Стрезо Стаматоски, како и претставник на општина Охрид.

Артистичка изведба на наградената поема „Клучевите” ќе имаат актерите Адријана Тодороска и Павел Маслов, по што на Стојаноска ќе и биде врачена Повелбата за најдобра поема.

Strugaonline

 

error: