Лев банер Десен банер

Во Охрид се одбележуваат 125 години од смртта на Григор Прчичев

Денеска се навршуваат 125 години од смртта на Григор Прличев. По тој повод, Охридската библиотека организира низа активности и свечености. Програмата започнува во 11:30 часот кога пред бистата на Прличев, ќе биде положено свежо цвеќе.  Беседа за ловороносецот ќе одржи поетот Разме Кумбароски од Друштвото на писатели на Македонија.

Во 13:00 часот во просториите на библиотеката ќе биде промовирана книгата „Сага за Охрид“ од новинарката Валентина Нелоска,а во 14:00 часот  ќе се одржи традиционалната Охридска визита.

Сите активности се во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи 2018“

Strugaonline

error: