Лев банер Десен банер

Општина Охрид ќе ги субвенционира трошоците за комунални услуги на граѓаните кои се изложени на социјален ризик

Општина Охрид oбјави  јавен повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјален ризик.

Субвенционирањето се однесува за периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември оваа година.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

– Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид , имаат лицата со статус на:

– Корисник на социјална помош или

– Корисник на постојана парична помош или

– Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен.

Јавниот оглас ќе трае заклучно со 5-ти март годинава.

Извор: Општина Охрид

Strugaonline

error: