После двомесечна пауза денеска продолжува Ракометната лига на шампионите, а ЕХФ го објави најновото рангирање на фаворитите, во кое Вардар повеќе не е на првата позиција
Врз база на анализите на спортски новинари низ Европа, ПСЖ е новиот лидер на рангирањето на ЕХФ со кое се проценува кој тим во каква форма е и со какви шанси влегува во натпреварите. Вардар беше на врвот во октомвриското рангирање, а сега е на второ место.
Третата позиција ја има Веспрем, а на четвртото место е Фленсбург. Следниот противник на Вардар, екипата на Барселона, е на седмото место, што за неа претставува пад од три места споредено со претходното рангирање. Натпреварот помеѓу Ваардар и Барселона ќе се игра на 10-ти февруари.
Целосната ранг листа изгледа вака:
- ПСЖ
- Вардар
- Веспрем
- Фленсбург
- Нант
- Рајн-Некар
- Барселона
- Кјелце
- Пик Сегед
- Мешков Брест
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари