Eкипата на Барселона ќе биде комплетна на мечот со Вардар

- Спорт
865

Тимот на Барселона во комплетен состав ќе ја пречека екипата на Вардар за натпреварот во сабота. Каталонците во последната пресметка во Асобал лигата славеа убедливо на домашен терен против Хуеска со 33:20.

На натпреварот Ристовски имаше 5 интервенции, а на теренот се врати и Де Варгас за кого ова е прв меч после повредата на ЕП. Во игра се вратија и претходно повредените Мем, Доленец, Н’гесан и Жалуз, што значи дека Барселона ќе биде комплетна на мечот со Вардар кој се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.

Извор: 24ракомет

 

Facebook Коментари