Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На повисоките, во западните и југозападните делови и на пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините ќе врне само снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. На места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер повеќе изразен во западните подрачја, a дневната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени. Слично време со максимални 8 степени се очекува и утре.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари