Доколку живеете во куќа и имате доста за шпартање по дворот до капија па назад, тогаш добро си знаете колку е тешко да се изрине снегот со лопата и какво е чуството после тоа.
Лекарите предупредуваат зошто сепак не треба да се напрегате и да запинате.
Комбинацијата на ниски температури, физички напор, дехидрација на организмот и претеран внес на алкохол стварно може да биде погубно во овие празнични денови, а може да доведе и до срцев и мозочен удар.
Вакви случаи има, а на прво место се загрозените од висок крвен притисок.
Излегувањето од топло на ладно предизвикува собирање на крвните садови на кожата.
Кожата во себе содржи околу еден литар на крв и кога сето тоа ќе се насочи накај центарот на телото срцето и мозокот, доаѓа додатно пораснување на притисокот.
Одредена група на луѓе се доста затекнати со овој проблем во празничните денови.
Посебно се погодени пушачите, дебелите луѓе, луѓе кои не се физички активни во другите денови, па чистењето снег му дава потполн скок на метаболизмот, а загрозени се и оние кои не внесуваат доволно течности.
Лекарите викаат дека од досегашните случаи на срцеви и мозочни удари повеќето биле во утринските часови кога крвта во телото е најгуста.Тогаш најдоброто што можеме да го направиме за нас е да се напиеме чаша вода, но многу од луѓето посегнуваат прво по кафето а тоа е сосема лош избор.
Затоа за празниците гледајте да бидете умерени со внесувањето на јака и мрсна храна, алкохол, цигари.
Facebook Коментари