Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со фалсификувана исправа

- Локални
919

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фасификување на исправа“, граничната полиција, Регионален центар Запад поднесе кривична пријава против 46-годишниот П.К., државјанин на Република Албанија.

– На 12-ти овој месец, околу 19:00 часот, на граничниот премин „Ќафасан“ на излез од Република Македонија, извршен е детален преглед на патнички автомобил марка „БМВ“ со албански национални ознаки сопственост на сега пријавениот. Притоа, констатирани се неправилности на бројот на шасијата односно негово целосно несовпаѓање. Од дополнителните направени анализи, утврден е фалсификат на бројот на шасијата, истиот е втиснат на несоодветно место а броевите и граничниците не се во оригинална форма. Полициските службеници констатирале и други неправилности и недостатоци на патничкиот автомобил по што истото е одземено за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари