Лев банер Десен банер

Скопјанка заработи кривична пријава, бесправно градела во „Езерски Лозја“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 36-годишната С.М. од Скопје и против правното лице ДООЕЛ „Блуинвест“ со седиште во Струга.

– Пријавената, во текот на минатата година, во својство на управител на правниот субјект и  инвеститор, на локација во струшката населба „Езерски Лозја“ започнала со изградба на објект за домување. Тоа го направила иако претходно немала обезбедено одобрение за градење од надлежен орган и спротивно на законот за градба. Од извршен инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга, констатирано е дека објектот се гради без одобрение и неовластено, по што составен е записник и донесено е решение  за отстранување  на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид

фото: архива

error: