Струмица и годинава на висина на задачата. Карневалот кој секоја година се одржува за време на празникот „Прочка“ и негува долга традиција ги воодушеви сите гости од Македонија и странство. Низ улиците на Струмица поминаа 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници.
Ги имаше од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Струмичани и гостите во изјави за медиумите велат дека карневалот во овој град е време на слобода кога секој може да биде што сака и своите чувства и пораки да ги изрази креативно преку маска.
Strugaonline
Фото: Роберт Атанасовски
Facebook Коментари