Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид во периодот од 21-ви до 23-ти јуни ќе биде домаќин на конференцијата „Применети компјутерски технологии“.
Конференцијата се организира првпат и е во соработка со Техничкиот универзитет од Варна, Бугарија. Ќе понуди размена на научни согледби од најновите научни трендови, а ќе учествуваат еминентни научници од земјава и од светот.
Трудовите што ќе бидат селектирани ќе бидат објавени во соодветен електронски зборник. Со својот интердисциплинарен карактер таа е отворена за професори, истражувачи, студенти од техничките области, но и од хуманистичките науки и уметностите.
извор: факултети.мк
Facebook Коментари