Време: Денеска облачно и суво, од недела почнува студена зима

- Македонија
695

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно и суво време со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови ќе има услови за слаб снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени. Облачно време со врнежи од дожд и снег со речиси идентична температура како денеска ќе имаме во сабота. Од недела следува студено време со врнежи од снег. Максималната температура ќе го достигне само 3-от степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари