Алина Загитова постави нов светски рекорд во уметничко лизгање

- Спорт
1814

Младата и успешна  руска лизгачка Алина Загитова постави нов светски рекорд во уметничко лизгање за време на кратката програма на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Публиката беше воодушевена, а жирито и додели високи  82,92 бодови со што го собори светскиот рекорд кој десет минути пред настапот на Загитова го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

– Задоволна сум што сите елементи ги изведов како што треба, но ова не е моето најдобро издание, мислам дека можам подобро, нагласи 15-годишната олимпијка.

Таа во Пјонгчанг го освои тимското сребро, но сега има можност да дојде до златниот медал.

Facebook Коментари