Пратеникот Крсто Мукоски останува во притвор

- Македонија
1215

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски од Вевчани,  останува во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на актерот и учесник во иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски кој од затворот во Шуто Оризари ќе оди  во домашен притвор.

Судот ги отфрли жалбите на останатите осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Претходно, судот им ги прифатил жалбите и  мерката притвор им ја заменета со куќен притвор  на Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

Facebook Коментари