РК Струга со убедлива победа над Преспа

- Локални, Спорт
1158

Tимот на Струга кој сега во своите редови има и тројца суперлигашки играчи со леснотија ја совлада екипата на Преспа со резултат 28:21. Тоа беше финален натпревар од осминафиналната група II во Купот на Македонија.

Не може да се каже дека ова беше неизвесен натпревар, силите беа речиси израмнети само на почетокот од натпреварот до резултат 7:7, се друго беше успешна серија голови на нашиот тим. На пауза отидовме со 14:9, а второто полувреме ни донесе 10 плус.

Најдобри стрелци во тимот на РК Струга беа  Јанкуловски и Белевски со по 5 голови, додека кај Преспа се истакнаа Шабединовски со 5 и Тасевски со 4 голови.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари