Пуштени во продажба билетите за концертот на Каролина во Охрид

- Забава
918

FEEL Продукција пред два дена со гордост го најави концертот на поп-дивата Каролина Гочева во Охрид.

На концертот кој ќе се одржи на 09-ти март во спортската сала „Билјанини извори“ публиката ќе има можност во живо да ги слушне сите девет песни од новиот албум насловен како „Извор“, како и најголемите хитови од проектот „Македонско девојче“.

Од  FEEL Продукција информираат дека  билети се во претпродажба во сите Тамаро маркети во Охрид и Струга од денеска,  01.03.2018 година по 12:00 часот. Партер билетите чинат 500 денари, билетите за на трибини чинат 600 денари, а VIP билетите се во ограничен број, чинат 1000 денари и можат да се набават само со резервации. VIP резервација може да се изврши на телефон 076/440-334 .

Почетокот на концертот е закажан за 21:00 часот.

Извор: FEEL Production

Strugaonline

 

Facebook Коментари