Лев банер Десен банер

Време: Денеска облачно со дожд, за викенд пролетни температури

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени. Во текот на викендот ќе има врнежи од дожд и пролетни температури до максимални 17 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

error: