Утрово во 06:15 часот на регионалниот пат Крушево-Битола поради голомразица сообраќајот беше во прекин за сите видови возила.
Утрово во 07:20 часот беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. – информираат од АМСМ
Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново од 12:00 – 15:00 часот ќе биде во прекин за сите возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола, Прилеп, Струга, Ресен, Железнец и Велес.
Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена до 100 метри.
Извор: АМСМ
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари