Јосипа Лисац ќе одржи концерт во Скопје

- Забава
903

Eдна од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија.- информираат од Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од сабота (03.03) во 9:00 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по следниве цени:

2.000 ден GOLDEN SEATS (од 1ви до 19ти ред)
1.500 ден SILVER SEATS (од 20ти до 26ти ред)

Концертот е закажан за 20-ти април

Од Авалон продукција потенцираат дека ќе се одржи  само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.

Strugaonline

Facebook Коментари