Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп со меѓународен карактер кој трета година по ред ќе се одржи во Хотел Десарет во Охрид. Кампот е во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.
„Летниот камп е посебен вид на заедница каде децата доаѓаат да се забавуваат, дружат и едуцираат. Во рамките на кампот, децата развиваат чувство на независност додека пробуваат нови авантури далеку од дома. Летните кампови се познати по тоа што обезбедуваат безбедна средина каде што децата добиваат самодоверба додека учат нови вештини.“ – потсетуваат организаторите.
Спортскиот едукативен камп ќе се одржи од 9 до 15 јули, а учесниците ќе се дружат, забавуваат и ќе спортуваат.
Сите детали можете да ги прочитате на следниов ЛИНК.
Strugaonline
Facebook Коментари