Голем број граѓани и општествено одговорни фирми се вклучија во хуманитарната акција која Општина Струга и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Советот на Општина Струга во соработка со Центар на Заедницата на општина Струга, Црвен Крст Струга и Центар за Социална Работа Струга ја организираа по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Хуманите граѓани и многу фирми од Струга донираа облека, хигиенски и парични средства за лица и семејства кои спаѓаат во ранлива категорија на граѓани. Голема поддршка за ваквиот вид на настани чија цел е да се помогне таму каде што е најпотребно изрази и градоначалникот на општина Струга , Г-дин Рамис Мерко.
Преку ваквите хуманитарни акции, желбата да се помогне станува култура на живеење реализирана во пракса.
Strugaonline
Facebook Коментари