Вечерва концерт на Каролина Гочева во Охрид

- Забава, Локални
869

Вечерва со почеток во 21:00 часот, поп-дивата на домашната сцена Каролина Гочева ќе одржи концерт на кој во живо ќе бидат промовирани сите девет песни од новиот албум „Извор“, но ќе се потсетиме и на најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

„Билетите ќе се продаваат и денес во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, како и во Бистро Корнер. За тие кои нема да се во можност да ги купат од продажните места, билети ќе се продаваат и на самиот влез од 18:00 до 21:00 часот. Вратите за влез ќе бидат отворени од 19:00 часот. “ – информираат од FEEL Продукција.

Strugaonline

Facebook Коментари