Kaролина Гочева блесна на сцената во Охрид

- Забава, Локални
1132

Каролина Гочева блесна на охридската сцена. Концертната промоција на нејзиниот нов музички проект „Извор“ беше вистинско уживање за публиката во спортската сала „Билјанини Извори“. Гочева во живо ги изведе сите десет песни од новиот албум, а потоа ја потсети публиката на најголемите хитови од проектите „Македонски девојче 1“ и „Македонско девојче 2“.

Вложување на сцена до максимум, доловување на секоја емоција од сите нумери и понатаму останува заштитен знак на Каролина која на домашната сцена е вистинска реткост кога станува збор за квалитет на песни и професионалност. Токму оваа формула носи успех и задоволна публика.

На крајот на концертот Каролина најави повторна средба со охридско-струшката публика ова лето.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари