Вардарки со триумф ја завршија групната фаза од Лигата на шампионите

- Спорт
646

Иако и пред почетокот на дуелот во Подгорица беше сѐ познато и резултатот немаше ништо да смени во однос на позицијата на табелата, Вардар рутински ја оствари петтата победа во Главната фаза, против Будуќност 30-25 за потврда на првото место на табелата.

Ова беше втор триумф на Вардар на гостински терен во Подгорица во лигата на шампионите. Во второто полувреме Вардарки целосно го надиграа противникот, особено во завршницата потврдувајќи го својот  квалитет.

Будуќност се обидуваше да парира и тоа му успеавше најмногу во првото полувреме. Во самата завршница откако влезе во игра Ина Суслина ЖРК ја направи и разликата, па на полувреме замина со предност од 15-12. Но, само што почна вториот дел Будуќност брзо израмни на 15-15. И тогаш како да се разбуди Вардар.

Тргнаамногу подобро, повторно го презедоа водството,  овојпат со 4-5 гола, и тоа го задржаа до самиот крај.

БУДУЌНОСТ – ВАРДАР 25-30 (12-15)

ВАРДАР: Лејно, Суслина, Радичевиќ 4, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 1, Бајрамоска, Лазовиќ 2, Пенезиќ 10, Керамичиева, Чанаџија, Лакрабер 7, Хмирова 5, Цвијиќ 1, Петровиќ, Ристовска.

Извор и фото: zrkvardar.mk

Facebook Коментари