Лев банер Десен банер

Интернационални маратонци промовираа меѓународен мир во Струга

Претставници на општина Струга вчера  беа домаќини на интернационалниот тим на маратонци кои трчаат да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање.

Трката за Мир е глобална штафетна трка која не е од натпреварувачки карактер. Составена е од интернационален тим маратонци-волонтери и има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Подавајќи го факелот од рака на рака, трката поминува низ многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува мнозина училишта, огранизации, градови и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот.

„Општина Струга продолжува да ги поддржува ваквите настани и да става акцент на единството, пријателството и меѓусебото разбирање.“ – велат од Општина Струга

Strugaonline

Фото: Општина Струга

error: