Денеска во Македонија доаѓа г-дин Алексеи Мишин-најзначајно тренерско име во историјата на уметничкото лизгање

- Спорт
926

Денеска во Скопје на тридневна работна посета ќе пристигне г-дин Алексеи Мишин ,  најзначајно тренерско име во историјата на уметничкото лизгање.
Професор Мишин ќе реализира тридневна обука за тренери од Македонија и ќе им даде насоки за понатамошен развој на спортот. Обуката ќе се реализира на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски во наредните три дена (12, 13 и 14 март), а дел од неа ќе бидат и младите натпреварувачи во уметничко лизгање, членови на националниот тим.


Во текот на посетата А. Мишин ќе се сретне со клучни лица одговорни за развој на спортот во Македонија: директорот на Агенција за млади и спорт, Директорот на Спортскиот центар Борис Трајковски, претставник на Македонскиот Олимписки Комитет и слично.
Г-дин Мишин за прв пат е во Р Македонија, на покана и со поддршка на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари