Интернационалните маратонци го посетија ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
Интернационалните маратонци кои вчера трчаа во нашиот град промовирајќи мир и пријателство, денеска беа во посета основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга. Учениците од училиштето заедно со своите наставници ги пречекаа маратоците кои им ја пренесоа пораката за мир, толеранција и единство. Учениците ги придружуваа маратонците низ градот кој беше нивна последна дестинација во Македонија и ги испратија за Албанија.


Извор и фото: Општина Струга/Strugaonline

