Сега „црвено-црните” ќе го чекаат расплетот од последните две кола за да го дознаат противникот во полуфиналето на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. Најверојатно тоа ќе биде Мешков, кој беше поразен на домашен терен од Горење. Но, претходно треба да се почекаат и исходите од натпреварите на кои играат ППД Загреб и Целје, против Војводина и Динамо Панчево. Сигурно е дека Вардар е првопласиран.
Актуелниот победник на СЕХА лигата, Вардар мораше добро да се намачи да стигне до триумф, а традиционално Нексе секогаш игра добро против „црвено-црните”. Кога во 51 минута Вардар првпат поведе со три гола предност, 24-21 како да беше најава дека нема повеќе да има пресврти и неизвесност на средбата.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК.
Извор: rkvardar.mk
фото: Денис Дуковски
Facebook Коментари