Започна уредувањето на Паркот на поезијата во Струга

- Локални
1363

Екипите на ЈП „Комунално“-Струга во соработка со Општина Струга започнаа со уредување на Паркот на поезијата.  Од таму информираат дека е започната  изведбата  на систем за наводнување, а исто така започнато е и со  изведба  на дополнителното осветлување на паркот. За таа цел е извршен ископ на канал за поставување на потребните подземни инсталации со мал ровокопач во должина од 960 метри.

Oд Општина Струга и ЈП „Комунално“ исто така информираат дека  системот за наводнување ќе биде со тајмер кој ќе се вклучува во раните утрински часови, а на определени места ќе бидат инсталирани рефлектори исклучиво со штедливи  светулки. Во меѓувреме ќе се санираат и постоечките фонтани кои ќе бидат пуштени во функција пред почетокот на туристичката сезона.


Целокупниот проект е донација на пријателите на Градот.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари