Наредната недела во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга ќе биде отворена изложбата „Москва денес“.
Изложбата, којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.
Од ЦК „Браќа Миладиновци“ информираат дека на изложбата ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“
Strugaonline
Facebook Коментари