Денеска во Македонија ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 степен. Во сабота и недела ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари