„ЈП Билјанини Извори“ доби донација од Фудбалска Федерација на Македонија

- Локални
1185

ЈП Билјанини Извори  прими донација од Фудбалска федерација на Македонија и на таков начин ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори.

„Станува збор за донација во столчиња и тоа 1700 парчиња кои се нови и се наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион Билјанини Извори. Со реконструкцијата на сооблекувалните и сега со обезбедувањето на нови столчиња ЈП Билјанини Извори продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските екипи и рекреативци корисници на нашата спортска инфраструктура во овој случај Градскиот стадион Билјанини Извори.„ – информираат од ЈП Билјанини Извори.

Strugaonline

Facebook Коментари