Во понеделник во Струга ќе биде отворена изложбата „Москва денес“

- Локални
1141

На 19.03.2018 (понеделник), со почеток во 19:00ч. во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга ќе биде отворена изложбата „Москва денес“.
Изложбата, којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.


На неа ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“.
Изложбата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, ќе биде поставена до петок 23.03.2018.

Извор: ЦК „Браќа Миладиновци“- Струга/Strugaonline

Facebook Коментари