Пионерките на ЖРК Стружанка вчера на домашен терен во спортската сала „Нико Нестор“ со смирена игра забележаа победа над гостинската екипа од Скопје, Риниа М, со резултат од 18:11 (7:2).
На денешниот натпревар гостите ја имаа честа да го отворат резултатот со 0:1 ,но веднаш потоа наидоа на убедлива и доминантна игра на разиграните пионерки на ЖРК Стружанка кои што направија серија од 6:0 за да конечен резултат на полувреме биде 7:2.
Нашите пионерки предводени од позитивниот резултат и добро прикажаната игра усепаа да се фокусираат уште на почетокот на второто полувреме докажаа дека немаат намера да ги остават гостите да се доближат резултатски и ја зголемија разликата на +12 (16:4). Покрај разиграните на паркетот ЖРК Стружанка вчера видно можеше да се истакне и на голманската позиција каде што гостите не можеа лесно да погодат како од игра така и од 7 метри. На крај ЖРК Стружанка го запечати резултатот на 18:11 (7:2).
Ова беше еден од полесните натпревари на нашите пионерки со оглед на тоа дека и на гостувањето во Скопје забележаа победа и тоа, Риниа М 12 (06) 14 (05) Стружанка.
Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува кај екипата на Алушевски во Скопје.
Стрелци на вчерашниот наптревар за ЖРК Стружанка беа:
- Вранишкоска Кристина 4 погодоци
- Домазетоска Теодора 3 погодоци
- Дукоска Теодора 3 погодоци
- Затуроска Бојана 2 погодоци
- Миладиноска Маријана 2 погодоци
- Голабоска Марија 2 погодоци
- Петреска Марија 1 погодок
- Ѓоршулеска Роберта 1 погодок
Извор: ЖРК Стружанка/Strugaonline
Facebook Коментари