Утре започнува пролетта

- Македонија
1345

Утре во 17:15 часот во Македонија и на северната полутопка настапува пролетта.

Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21-ви јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.

Утре сонцето ќе изгрее во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути.

Летното сметање на времето ќе започне претстојниов викенд, кога стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Strugaonline

Facebook Коментари