Во периодот од 23.30 часот на 17.03.2018 до 06.00 часот на 18.03.32018 година, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга.
– Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. -информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Strugaonline
Facebook Коментари