Време: Денеска облачно со дожд, од утре студено со снег и замрзнат дожд

- Македонија
962

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне во северозападните делови. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 18 степени.  Од утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег. Од УХМР информираат дека уште утре претпладне на некои места ќе се формира снежна покривка, а ќе има услови и за замрзнат дожд. Се очекува значаен пад на температурите.

Извор: УХМР

Facebook Коментари