Прифатен е анексот на договорот со „Синохидро“ – продолжува рокот за изградба на делницата Кичево-Охрид

- Македонија
937

Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.

 

– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево-Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Синохидро корпорејшн лимитид,  се вели во соопштението од владината прес-служба.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари