Во Сабота Струга со дневна температура од -12 степени

- Локални
893

struga-sneg

Според прогнозата на синоптичарите денес во Струга ќе биде облачно со повремени врнежи од снег и дневна температура од -5. Во текот на вечерта ќе биде уште поладно, температурата ќе падне до -17 степени целзиусови. Особено студено ќе е во текот на утрешниот ден. Ќе имаме сончево време, со максимална температура -12, а минимална -19.

Слично време не очекува и во недела. Времето ќе биде сончево со повремено наоблачување и максимална темепратура од -9, а минимална -16.

Денес и утре ќе дува засилен ветар од северо источна страна, чиј интензитет ќе се намали во недела.

Facebook Коментари